
Од Стопанската комора велат дека ќе имаат нулта толеранција за секоја приватна компанија што направила финансиски криминал.
На прашањето на Алсат за ставот на премиерот Мицкоски за контрола на трошењето на 100 милиони евра за компаниите за време на пандемијата, директорот на Стопанската комора Бранко Азески рече дека за секој финансиски криминал треба да има одговорност.
Премиерот Христијан Мицкоски синоќа во интервју на телевизија Телма рече дека на следната седница на владата ќе се формира ад хок тело кое ќе истражува како претходната влада поделила 100 милиони евра без критериуми за наводната поддршка за компаниите за време на кризата со Ковид.
Стопанската Комора на барање на Владата учествувала во изготвување на дел од критериумите кои ќе треба да ги исполнуваат компаниите за да може да дојдат средства од 250 милиони евра обезбедени од т.н. „унгарски заем“ а бизнис секторот смета дека условите и висината на каматата се поволни. Кога станува збор за ребалансот на Буџетот, првиот човек на Стопанската комора е дециден дека сите досегашни Буџети се неразвојни и разочарувачки за бизнис секторот.
Аднан Ќаили