ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Азески: Постои ли одговорност за доцнење на инфраструктурните проекти

Годишнината на Владата претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, ја честита со пет прашања поврзани со главните проблеми со кои се соочува македонската економија. Бизнисот е загрижен за недостатокот на работен кадар, за потрошените пари за стипендии на млади луѓе од земјава за во странство од кои сметаат дека нема ефект. Азески и замери на владата и за играњето топло – ладно со даночната реформа. Најголемата болка за стопанството е што за инфраструктурните проекти се далеку од завршени.

Advertisements

„Постои ли во оваа држава поим одговорност за доцнењето на инфраструктурните проекти?“, рече Азески.

Ова прашање Алсат му го постави лично и на премиерот Димитар Ковачевски кој беше дел од настанот во организација на Владата кој имаше за цел да ги претстави позитивните ефекти од владеењето на оваа гарнитура политичари. Премиерот индиректно одговори дека одговорност нема да побара за доцнењето на инфраструктурните проекти, а вината ја префрли кај сегашната опозиција, вели ВМРО се одговорни.

„Одговорноста е пред граѓаните. А, во однос на соработката со Стопанската комора, комплетно и јас се согласувам дека инфраструктура на врвно ниво е еден од условите за успешно развивање на економијата“, рече Ковачевски.

По најавите на владата дека Македонија мора да се ориентира кон увоз на работна сила од странство, денеска премиерот Ковачевски одливот на млади луѓе во странство го објасни како добро искористена можност од страна на дел од граѓаните од земјава да заработат повисока плата.

„Незамисливо беше порано наши граѓани да одат да работат во Чешка, во Словачка во Полска во Романија за повисока плата“, додава Ковачевски.

Пред околу две недели бизнис секторот и упати критика на владата дека мора да ја подобрат соработката со приватниот сектор. Стопанствениците се на став дека владата носи одлуки без да се консултира со бизнисмените и не го слуша гласот на деловната заедница.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button