ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Азир Aлиу нов министер за здравство

Азир Aлиу нов министер за здравство

опладнево пратениците во Собранието го избраа Азир Алиу за нов министер за здравство.

Advertisements

Алиу кој доаѓа од редовите на коалицијата „Вреди“ беше избран од присутните 95 пратеници, при што 65 гласаа „за“ Алиу, а 15 беа „против“. Тој доаѓа на местото на Арбен Таравари кој ја напушти Владата и коалицијата.

Алиу според неговата биографија е дипломиран електроинженер и доктор по компјутерски науки, кој моментално ја извршува функцијата редовен професор на Факултетот за компјутерски науки и технологии при факултетот во Тетово.

Премиерот Христијан Мицкоски претходно кажа дека верува дека знаењето на Алиу и неговата енергија ќе донесат нова димензија во менаџирањето на здравствениот систем.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button