Азири: ДУИ не го чисти судството, напротив – го политизира и партизира!

Назначувањето на поранешниот народен правобранител во Советот на обвинители е доволен елемент за да се потврди дека ДУИ не се залага за прочистување на судството, туку за негова партизација. Ова го изјави Елми Азири, пратеник од Алијансата за Албанците, во вечерашната емисија „Патот кон…“ на Алсат.
Според Азири, во извештајот на Европската комисија се потенцираат и партиските влијанија врз судството. Тој дури категорично наведува дека без меѓународна интервенција, довербата во судството не може да се врати.
„Нема подобар пример за партизација и политизација на судството од назначувањето на поранешниот народен правобранител во Советот на обвинители. Тоа е најдобриот пример за партизација на судството. Како резултат на такво судство какво што имаме, за време на владата на ДУИ, случајот Сопот ни се случи, политички монтиран случај, имавме случај „Монструм“, политички монтиран случај и многу, многу случаи , за кои јавноста е запознаена … Алијансата за Албанците мисли и оценува дека политичките структури и гарнитури што го дискредитираа судскиот систем во земјава, не се достојни да извршат чистење, проверка, филтрирање на кој било начин. Затоа, предложивме да имаме поактивна улога на меѓународни претставници и да започнеме од разгледување на политички монтирани случаи, предмет на вистинска проверка, преку професионализам. Само со поактивна улога на меѓународните лица може да се зголеми довербата во ова судство“, рече Азири.