Азири: Нашиот политички ривал е во паника, ќе доживее фијаско

Нашиот политички ривал во пресрет на вториот круг од локалните избори што ќе се одржат на 31 октомври е во паника. Ова во емисијата „360 степени“ на Алсат го изјави Елми Азири од Алијанса за Албанците, според кој владејачката партија ќе доживее фијаско. Хазири изрази убедување дека коалицијата Алијанса-Алтернатива ќе освои најголем број општини во полошкиот регион и оти според него ова ќе биде уште еден доказ плус дека граѓаните се за промени.
„Изразувањето на чувството на триумф пред да заврши трката е добар показател за паниката што владее кај нашите директни конкуренти. Нашата коалиција е во 7 општини во втор круг, од кои во три сме во водство. Јавноста е информирана дека најголемите градови Алијансата за Албанците е прва во вториот круг и верувам дека поради елиминацијата на големата фрагментација на гласовите што се случи во овие општини, во вториот круг во сите овие општини ќе победиме. Сметам дека вториот круг навистина ќе докаже кој е победник на овие избори“, изјави Азири.