ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Азири: Непотребен театар во Собранието оркестриран од Џафери

Пратеникот од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, Илми Азири рече дека албанската опозиција од четвртокот обезбедила кворум за одржување на 32-та и 36-та седница и дека за ова бил информиран и претседателот на Собранието, Талат Џафери.
„Претседателот на Собранието исто така беше јавно информиран дека пратениците од албанската опозиција ќе учествуваат на 32-та седница за да се обезбеди кворум за завршување на 32-та седница, за да може 36-та седница да започне што е можно поскоро, каде што се пакетот економсски мерки“, рече меѓудругото Азири.