Баба шверцувала дрога во сарма! Ја бараат со потерница

Романката Елена Младин (82) има чест да биде најстарата личност на потерница издадена од романската полиција откако се обидела да прошверцува дрога во затвор.
Пред шест години, 82-годишна баба се обидела да скрие марихуана во сарма што требало да му биде доставена на нејзиниот внук, кој издржувал казна затвор поради возење без возачка дозвола, пишува „Еуроњуз“.
Сепак, чуварите забележале дека нешто не е во ред со пратката и таа никогаш не дошла во рацете на внукот. Откако откриле дека станува збор за обид за криумчарење, при претрес на куќата, во тенџере во кујната пронашле два килограми марихуана.
За време на истрагата Елена била повикувана неколку пати во судот, но никогаш не се појавила. Подоцна се дознало дека отпатувала во Австралија и оти нема намера да се врати.
Таа најпрвин била осудена на затворска казна во траење од четири години, но поради возраста подоцна ѝ ја намелиле на две. Но, иако осудена таа сè уште не е изведена пред лицето на правдата.
Екстрадицијата од Австралија во Романија е предмет на наследен билатерален договор од претходното придржување кон Велика Британија во 1894 година. Покрај тоа, Австралија ќе треба да се вклучи во свој правен процес доколку се потврди потребата за екстрадиција.