

Алсат
01.07.2020 12:25
Крилниот напаѓач на Манчестер Сити, Лерој Сане веќе постигнал договор со Баерн (Минхен), пренесува „Билд“.
Надоместокот за трансфер ќе биде околу 50 милиони евра. Фудбалерот ќе потпише петгодишен договор.
Дваесет и четири-годишниот Германец претрпе тешка повреда во првиот натпревар од тековната сезона во Англија. Ова се случи на натпреварот за Суперкупот против Ливерпул.