
Баерн Минхен, домаќинот на мечот што вечерва во 21.00 часот, му забрани на Динао Загеб да тренира на Алијанц арената пред вечерашниот меч и покрај тоа што правилата на УЕФА налагаат такво нешто и се задолжителни.
Објаснувањето од баварскиот гигант беше дека теренот на стадионот е во исклучително тешка состојба и полн со дупки. Таков бил од Европското првенство што се одржа летоска, а не помогнало ни тоа што оттогаш е два пати сменет.
Новата трева не можела да легне поради високите температури, додека последните недели имаше силни дождови. Поради сето ова Динамо вчера тренираше во Загреб, а потоа тргна во Минхен.