Бајден го претстави својот прв план за трошење од шест трилиони долари

Американскиот претседател Џо Бајден го претстави својот прв план за трошење од шест трилиони долари, што вклучува зголемување на даноците за богатите Американци. Овој предлог вклучува и нови социјални програми и инвестиции за борба против климатските промени. За да се спроведе, планот мора да биде одобрен од Конгресот, каде републиканскиот сенатор Линдзи Греам го нарече „лудо скап“. Според планот, долгот ќе достигне 117 проценти од бруто домашниот производ до 2031 година, со што ќе се надминат нивоата на Втората светска војна. Таа ситуација ќе се создаде и покрај предложените најмалку три трилиони долари за зголемување на данокот за коорпорациите. Поранешниот претседател на САД, републиканецот Доналд Трамп, исто така го зголемуваше дефицитот секоја година откако беше на функција, а последниот план за годишно трошење достигна 4,8 трилиони долари. Буџетот на Бајден вклучува 1,5 трилиони долари оперативни трошоци за Пентагон и другите владини сектори. Таму се вклучени уште два плана: едниот 2,3 трилиони долари за нови работни места и друг 1,8 милијарди долари за семејствата.