ВЕСТИСВЕТ
Бајден и Трамп во тесна трка во клучните држави
Во овие моменти Трамп води во 5 од 6 држави каде сѐ уште не се изброени гласовите: Пенсилванија со 56,1 процент од гласовите, во Мичиген со 53,4 проценти од гласовите, во Северна Каролина со 50,1 процент и во Џорџија со 56 проценти од гласовите. Трамп има предност и во Висконсин со 51,3 проценти.

Републиканскиот претседател Доналд Трамп и неговиот демократски ривал Џо Бајден се во тесна трка, бидејќи се чини дека во неколку таканаречени клучни држави претседателската трка не ќе може да биде решена во наредните денови. Бајден во говорот на 4 ноември рече дека чувствува оти е „на добар пат“ за да победи на изборите и повика на трпеливост од гласачите.
Претседателот Доналд Трамп пак, зазеде поборбен став, обвинувајќи ги демократите дека се обидуваат да ги „украдат“ изборите и дека сепак очекува „голема победа“. „Ние сме ГОЛЕМИ, но тие се обидуваат да ги КРАДАТ изборите“, напиша Трамп на Твитер неколку моменти откако Бајден разговараше со неговите приврзаници.