ВЕСТИСВЕТ

Бајден: Насилството со оружје продолжува да ги уништува американските заедници

Пукањето во средното училиште во градот Виндер, Џорџија, при што загинаа четири лица, претставува „уште едно ужасно потсетување дека насилството со оружје продолжува да ги уништува нашите заедници“, изјави синоќа претседателот на САД Џо Бајден.

Advertisements

Администрацијата, вели Бајден, ги координира своите активности со претставници на федералните, државните и локалните власти. Тој изрази и благодарност до вработените во службите за итни случаи кои го задржале осомничениот и спречиле понатамошни жртви.

„Моја лична цел стана да се запре оваа епидемија на насилство со оружје. Затоа потпишав двопартиски закон за иницијативата за безбедност на заедниците – најзначајниот закон за контрола на оружјето во последните децении, и применив десетици извршни мерки за поголема безбедност. Исто така, основав прва канцеларија за превенција на насилство со оружје во Белата куќа, под раководство на потпретседателката Харис. Постигнавме значаен напредок, но оваа криза бара уште поголеми напори“, се вели во изјавата која е објавена на фејсбук-страницата на Белата куќа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button