ВЕСТИСВЕТ

Бајден сè поблиску до Белата куќа, Трамп не се откажува од тврдењето дека изборите се украдени

Демократскиот кандидат за претседател Џо Бајден верува во негова победа на изборите во САД, дури и со голема разлика против сегашниот претседател, Доналд Трамп. Но, кандидатот на демократите рече дека е сè уште рано да се прогласи победа поради пребројувањето на гласовите. Во својот говор Бајден рече дека е на пат кон победа со повеќе од 300 гласачи во Изборниот колеџ од вкупно 270 колку што му требаат, истакнувајќи го водството во Аризона, Невада и Пенсилванија.

Advertisements

Броевите покажуваат јасна и убедлива приказна. Ние ќе ја добиеме оваа трка. Гласачите јасно ставија до знаење дека сакаат земјата да биде обединета, а не поделена.

Бајден изјави дека води против Трамп на националното гласање со предност од над 4 милиони гласови. Иако народното гласање не го одредува победникот на претседателските избори, Бајден смета дека 4 милиони гласови повеќе се мандат за акција. Демократскиот кандидат ја зголеми предноста пред Трамп во клучните држави како Џорџија и Пенсилванија, приближувајќи го до Белата куќа, иако обете страни започнаа да се подготвуваат за можни правни битки. Во исто време, Бајден го зголеми водството во Џорџија. Државните власти изјавија дека блискиот резултат може да доведе до пребројување на гласовите. Без 16-те гласови од Изборниот колеџ во Џорџија, Трамп не може да освои 270 гласа што му се потребни за да биде прогласен за победник.

Alsat

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button