
Американскиот претседател Џо Бајден и висок здравствен претставник предупредија поради опуштањето и прераното укинување на рестрикциите, откако почна да расте загриженоста поради нов бран инфекции и покрај забрзувањето на кампањата на вакцинација во САД.
Бајден изјави дека 90 насто од возрасните ќе може да се вакцинираат до 19 април, најавувајќи планови за полесна достапност до вакцините во наредните недели. Случаите на вирусот се зголемија за околу 10 насто во текот на изминатата недела, но со 60 илјади случаи на ден сè уште се далеку под бројките од над 200 илјади во јануари.