ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бајрами: Обвинителството да дејствува веднаш

На алармот од Заводот за ревизија дека постојат сомневања за злоупотреба на стотици милиони евра во некои инфраструктурни проекти, се уште не одговори ОЈО. Дури и Ј.П. „Државни патишта“ и Ј.П. Железници-Инфраструктура се на годишен одмор, и не ни дадоа одговори за сомневањата дека одредени сегменти од проектите за автопатиштата и железниците се прескапи, во споредба со почетните трошоци. Поранешниот антикорупционер Нури Бајрами, рече дека обвинителството не треба да чека индиции, постојат сомневања врз основа на фактите дека имало кражба на пари.

„За жал, нема такви иницијативи, овие иницијативи кои тие ги почнуваат се аморфни или се одолговлекуваат, и на крајот оние кои лошо проектирале, и оние кои проектирале да крадат ги остваруваат своите цели со оштетување на државниот буџет и животниот стандард на граѓаните. Обвинителството секако не треба да очекува никаква иницијатива, време е да се запре овој тренд на кражба на државниот буџет“, рече Бајрами.

Врз основа на извештајот на Заводот за ревизија, од обвинителството се очекува да истражи како сумата се зголемила за 484 милиони евра за само три проекти, како што се третиот сегмент од пругата од 23,4 километри од Крива Паланка до границата со Бугарија, автопатот Кичево-Охрид и вториот сегмент од автопатот Скопје-Блаце.

Извештај на Државниот завод за ревизија:

А) Согласно договорот склучен од РСМ и ЕУ за железницата сегмент III изнесува 340 милиони евра, додека до денот на ревизијата вредноста достигна 560 милиони евра, што е зголемување во износ од 220 милиони евра.

Б) За градежниот проект на автопатот Кичево Охрид, вредноста на договорот за Анекс 3 изнесува 589 милиони евра, додека почетната вредност е 411 милиони евра, што претставува зголемување од 178 милиони евра.

В) Проектот од вториот сегмент за автопатот Скопје-Блаце првично беше предвиден во износ од 112 милиони евра, а истиот се зголеми на 198 милиони евра за 10,5 километри автопат, што претставува 86 милиони евра повеќе.

Во однос на договорот со конзорциумот Бехтел-Енка заштитен со закон, класифициран како државна тајна, министерот за транспорт рече дека прво ќе побара истиот да биде де-класифициран, а потоа детално разгледан. Досега се исплатени 250 милиони евра за проектите за Коридорот 8 и 10Д.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button