Бајрами: Отворени листи за подобар изборен процес

Новинарот Агрон Бајрами, во своето вечерашно јавување во емисијата „200“, проценува дека доколку на следните избори Македонија го примени изборниот модел со отворени листи, би можело да резултира со уште подобар успех отколку на Косово, од причина што Македонија има најголем број на изборни единици, вкупно шест, додека Косово има само една изборна единица.
„Мислам дека мониторинг, многу поригорозна реорганизација е секогаш неопходна, без оглед на изборниот систем, но во случај на избор помеѓу отворени и затворени листи, јас секогаш би бил за отворени листи. Во случај на Северна Македонија, доколку аплицирате на национално ниво, верувам дека ќе бидете поуспешни од Косово затоа што имате повеќе изборни единици и застапеноста би била подобра. Косово има поголем проблем затоа што е само една изборна единица и скоро огромното мнозинство пратеници кои завршуваат во Собранието се луѓе што живеат во Приштина и не ги претставуваат регионите и тоа е проблемот што сè уште не успеавме да го решиме“, Рече Бајрами.