Бајрами: Владата да ги заснова на обвинувањата на докази, а не само на изјави
Бајрами: Владата да ги заснова на обвинувањата на докази, а не само на изјави

Ако се докажат обвинувањата на владата, нагласени во предлогот за разрешување на главниот обвинител, тогаш Љупчо Коцевски може да заврши зад решетки. Ова го изјави адвокатот Ибраим Бајрами во интервјуто за Алсат, во врска со можните последици од постапувањата на Коцевски, кој според Владата, направил значајни професионални пропусти и грешки за време на неговото раководење со Јавното обвинителство и пред се оддавал тајни за истражните постапки. Сепак, нагласува Бајрами, извршната власт треба да ги заснова овие обвинувања на докази, а не само на изјави.
„Евентуално, злоупотреба на службената положба бидејќи е свесно, но ова… Сега, ако го третираме, бидејќи како матичен закон е Законот за обвинителство, оваа потврда на обвинувањата од страна на влaдата во рамките на предлогот што го има, треба да биде донесена во рамките на Дисциплинската комисија, во рамките на Советот на обвинители и од она што ќе произлезе од Дисциплинската комисија, ќе произлезе мислењето. Мислељето е да се разреши како позитивно мислење, или не е за разрешување. Несомнено, како општество и како државни органи, мора да научиме да се справиме со аргументите базирани на докази, но не само на изјави“, рече Ибрахим Бајрами, адвокат.
Според Бајрами, ако парламентарното мнозинство го разреши главниот обвинител без мислење или со негативно мислење на Советот на обвинители, Собранието прави прекршок.
„Во случај Советот на обвинители да даде негативно мислење до Владата за разрешување… Не може да се разреши. Дали има право Собранието да го процесира неговото разрешување? Никако, тоа ќе биде политичка одлука, а не одлука заснована на закон“, додаде тој.
Разрешувањето на Коцевски доаѓа во време кога владата започна отворена војна за, како што тврдат, реформи во судскиот систем. Премиерот Мицкоски претходно изјави дека по разрешувањето на главниот обвинител, на ред е Судскиот совет./Алсат.мк
Суад Бајрами