
На прагот на празникот Курбан Бајрам, како и обично, преку ноќ поскапуваат прехранбените производи. Но, годинава трговците велат дека не ги поместиле цените и покрај зголемената побарувачка. Се жалат дека само за викендов има зголемен интерес за купување.
“Нема луѓе, сите овие што ги гледате се тие што продаваат по тезги, со плата или пензија и социјална помош е проблем. Цените не се поместени исти се, некои и поевтини: Овие се 30, доматите 20 денари, пиперките 40 денари. Цените се реални, но нема работа – нема пари. Голем проблем”, рече еден продавач.
“Да, пораснаа, животот стана многу поскап, би рекол тешко на народот што нема пари. Не можете да купувате бидејќи е премногу скапо”, изјави еден купувач.
“Цените се тие што беа, а работата е малку зголемена деновиве пред Бајрам. Но, ова не е доволно со 2-3 дена работа, потоа стагнира”, рече еден продавач.
Пресметувајќи го бајрамски ручек за просечно семејство од 4 до 6 лица, муслиманските верници годинава ќе треба да платат дополнителни 3.000 денари.
Семејните понуди во угостителските објекти со леб, супа, месо, салата, безалкохолен пијалок и десерт баклава кој чинеше од 6 до 7 илјади денари, сега чини од 9 до 10 илјади./Alsat.mk
Аднан Ќаили