Балансерот повторно ги судри Вреди и Европсккиот фронт.
Балансерот повторно ги судри Вреди и Европсккиот фронт.

„Балансерот“ продолжува да ги судира албанските политички партии во земјата. Од ДУИ велат дека со одлуката на Уставниот суд, започнувањето на постапката за оценување на уставноста на одредбите поврзани со етничката припадност е почеток на нарушување на меѓуетничките односи.
„Прашањето за укинувањето на„ Балансерот“ ќе отвори многу нови проблеми во наредниот период кои можат и ќе доведат до рушење на основните темели на Охридскиот договор. Но, ова се случува, кога не ја почитувате волјата на Албанците и бесрамно станувате вазали на ВМРО, против секој национален интерес “, велат од ДУИ.
Додека, пак, од ВРЕДИ велат дека ДУИ си удира во главата со свој камен од страв, и дека одлуката на овој состав на Уставниот суд паѓа на совеста на криминализираното раководство на ДУИ.
„… директни виновници за актуелната состојба со балансерот се Артан Груби, Талат Џафери и Али Ахмети. Одлуката на овој состав на Уставниот суд паѓа на совеста на ова криминализирано раководство на ДУИ, кое во обид да избега од гонење за коруптивните афери на поранешните функционери, очајно се обидува да поттикне меѓуетнички тензии со лажно претставување како спасители на Албанците. Со свој камен удираат по сопствената глава. Тие користат ниска манипулација велејќи дека Албанците се застапени во институциите само кога криминалците на ДУИ се на власт„, велат од ВРЕДИ.
Јавно прашуваме, дали постои граница на она што не сте го направиле? Зарем не се срамите да го вака да го потценувате својот народ? Мислите дека Албанците, во рок од 80 дена од формирањето на новата Влада, ќе ви ги простат гревовите и кражбите што сте ги направиле?
Од ВРЕДИ велат дека тие се гаранцијата, дека срамната одлука на Уставниот суд за суспендирање на употребата на балансерот нема да го запре вработувањето на Албанците во јавната администрација, бидејќи тоа е загарантиран уставен статус кој произлегува од Охридскиот договор./Алсат.мк
Линда Ебиби