ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Балансерот“ за етнички вработувања на оценка во Уставниот суд

Државната комисија за спречување на корупцијата побара од Уставниот суд да ја оцени уставноста на „балансерот“, механизам кој се применува за заштита на етничките заедници при конкурси за вработување со цел да се гарантира правична и соодветна застапеност во претпријатијата на државата и јавната администрација. Со четири гласа за и два против, Антикорупциска го одобри предлогот Уставниот суд да одлучи дали ќе ја продолжи, прекине или укине оваа методологија за вработување. Членовите на комисијата проценија дека имало случаи за корупција, бидејќи преку овој инструмент се вработуваат партиски милитанти, роднини и лица со политички врски.

Advertisements

Но, двајцата членови Албанци на антикорупциска гласаа против праќањето на „балансерот“ пред Уставниот суд. Коментираа дека тој механизам е создаден од самата Влада за да се пополнат 20 отсто од работните места со Албанци во јавната администрација.

Иницијативата на членовите на комисијата дојде по бројните реакции во јавноста во врска со злоупотребата на балансерот преку лажно декларирање на етничката припадност, но и по распишувањето на конкурси каде се бараа работници Албанци во општини населени со македонско население.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button