ВЕСТИСВЕТ

Балтичките земји повеќе не купуваат руски гас

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека во Европската Унија се уште не се разговара за ембарго на увоз на руски гас.

„Тоа прашање (целосно ембарго за руски гас и нафта) може да се стави на маса, но во овој момент не се разговара за тоа“, изјави Макрон во интервју за Кориере дела Сера, пренесува Тасс.

Нафтата и горивото веќе се соочуваат со ембарго, но не и гасот, потсети Макрон и додаде дека е познато до какви потешкотии тоа може да донесе.

Балтичките членки на ЕУ, како Естонија, Латвија и Литванија, моментално не купуваат руски гас и имаат за цел да продолжат со оваа пракса и во иднина изјави денеска премиерот на Латвија, Кришјанис Каринш.

„За ова прашање ќе соработуваме за да обезбедиме доволно снабдување со гас и ќе користиме подземен резервоар со гас во Латвија“, рекол Каринш на заедничка конференција за новинарите по состанокот на тројцата премиери на балтичките земји, пренесе Ројтерс.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button