ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

БАРАЊЕ: Минималната пензија колку минималната плата

Пензионери од целава земја во денеска напладне се собраа во Скопје на протести. Со автобуси дојдоа од сите градови и се собираа пред Сојузот на здруженијата на пензионери. Нивните барања се од септември да има линеарно зголемување на пензиите за 3.500 денари. Потоа бараат една четвртина од оние кои примаат минимални пензии да имаат зголемување колку и минималната плата во земјата. Но, на илјадниците пензионери не им се придружија лидерите на Сојузот на синдикати.

Advertisements

Протестниот марш продолжи кон Министерството за труд и социјална политика. Пензионерите, кои поради годините, кои поради жештината, едвај стигнаа пред зградата.

Претставниците на пензионерите од целата земја потпишаа петиција и ја доставија до Министерството за труд и социјала. Раководството за Сојузот на здруженија на пензионери деновиве соопшти дека не поддржува линеарно зголемување на пензиите, но оти работи на нова минимална пензија која нема да го загрози пензискиот систем.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button