ВЕСТИЗДРАВСТВО

Барање – законот за спречување на нефер трговски практики да ги опфати и аптеките

Високите цени продолжуваат да ги осиромашуваат граѓаните. Не само за прехранбени производи, туку значителен дел од семејниот буџет се троши и на лекови. Здруженијата за заштита на потрошувачите велат дека близу ¼ од приходите на едно просечно семејство се троши на лекови и медицински услуги. Нивните барања се лековите да се вклучат во предлог-законот за спречување на нефер трговски практики кој во моментов е на јавна расправа. Премиерот Ковачевски дава позитивни сигнали дека законот може да се прошири затоа што засега е наменет само за прехранбените производи.

Advertisements

Во меѓувреме, денеска низ аптеките во земјава поскапеа голем број суплементи. Освен позитивната листа, ништо не го спречува фармацевтскиот сектор да поставува цени на штета на џебот на пациентите. Додека властите прават анализи, компаниите имаат рок од 6 месеци да го реконструираат синџирот во кој се наоѓаат сите – производителите, добавувачите и малопродажбата за да се избегнат 26 нефер трговски практики кои на крајот ги плаќаат граѓаните преку високите цени на намирниците. До изгласување на законот, вицепремиерот за економски прашања рече дека ќе се преземаат автономни мерки како замрзнување на цените. Фатмир Битиќи вели дека мерките имаат ефект и врз инфлацијата.

„Знам само едно. Кажавме дека инфлацијата во 2023 година ќе биде 8% во просек, но се обидуваме до крајот на годинава во декември инфлацијата да се спушти на 5%. Погледнете ги проекциите на ММФ, ако ги споредиме сите земји од регионот и оние од ЕУ, нашиот раст оваа и следната година е над она што некои земји го предвидоа за нас, но е блиску до нашите очекувања“, рече Битиќи.

Законот за спречување на нефер трговските практики е во постапка под европско знаме. Преку него се предвидува добивката да не смее да надмине 10% при финалната продажба, а не како сега тој број да изнесува 30-40% чист профит за одредени земјоделски и прехранбени производи. Надлежните ветуваат дека преку законот ќе дојде до ново намалување на цените на прехранбените производи за најмалку 20% пониско од сега. За непочитување на законот казните за трговците ќе бидат до 20.000 евра.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button