ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски примено од турските власти, постапката може да трае неколку месеци

Постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски, првоосмничениот за убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски е во тек, а Министерството за правда добило известување од надлежните органи во Турција дека барањето е пристигнато. Двете министерства се во постојана комуникација, но, сепак, постапката за екстрадиција би можела да трае и до неколку месеци, а скратена постапка е можна само кога лицето прифаќа да биде екстрадирано.

Advertisements

По повеќе од една недела од истрагата за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, во случајот остануваат шестмина осомничени, истрагата е во тек, а главниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски, завчера рече дека „материјалните докази зборуваат со истиот јазик со кој што зборуваа и осомничените“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button