Барањето за екстрадиција на Палевски, испратено до Турција
Барањето за екстрадиција на Палевски, испратено до Турција

Два дена по апсењето на првоосомничениот за убиството на 14-годишното девојче „Палчо“ во Баликесир, Турција, македонските власти денеска и официјално го испратија барањето за екстрадиција. Министерството за правда соопшти дека барањето за екстрадиција оди по дипломатски пат преку Министерството за надворешни работи, додека оригиналните документи се испратени по брза пошта.
„Министерството за правда го испрати до Турција барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски, кое преку МНР ќе биде проследено до турските власти по дипломатски пат. Оригиналниот документ беше испратен преку брза пошта „DHL“ до Министерството за правда на Република Турција, а скенираната верзија беше испратена до ИНТЕРПОЛ. Очекуваме соработка со правосудните органи на Република Турција, навремена обработка и постапување од нивна страна во најкус можен рок“, велат од Министерство за Правда.
По завршувањето на правните процедури во Турција, екстрадицијата на „Палчо“ ќе се изврши преку канцелариите на ИНТЕРПОЛ во двете министерства за внатрешни работи.
Премиерот Димитар Ковачевски рече дека постапката ќе биде во најбрз можен рок и осомничениот за двојното убиство ќе биде изведен пред македонската правда.
Љупчо Палевски кој е осомничен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панчо Жежовски, беше баран по меѓународна потерница и уапсен во Турција. Тој прво избега во Србија, а оттамѕ преку Бугарија влегол во Турциија.
Аднан Ќаили