ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Барањето за укинување на „пржинската влада“ прво на превод, а потоа пред пратениците

Пред усвојување на дневниот ред на денешната 61-та седница на Собранието, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски побара дополнување на дневниот ред со предлог-закон за изменување на законот за Владата на Република Македонија по скратена постапка.

-Врз основа на член 71, став 1 од Уставот на Република Македонија и членовите 132, 137 и 170 од Деловникот, барам оваа точка да биде дополнета од една и единствена причина. Со предлогот за изменување на законот за Владата на Република Македонија се тргаат одредбите кои се однесуваат на начинот на функционирање на владата или т.н. Пржинска влада, односно 100 дена од формирањето на Владата, поставување на нејзините министри и заменици министри, како и начинот на нејзино функционирање, рече Мицевски.

Појасни дека како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата го поднесуваат овој предлог-закон во скратена постапка од една и единствена причина или да се скратат, односно да се вратат роковите за организација на избори, рокот да остане како што беше. Додаде дека се работи за мали измени, односно бришење на одредени одредби од законот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button