

Алсат
23.07.2020 15:08
Шпанскиот весник „Марка“ пренесува дека по одличната сезона Енис Барди може да донесе големи финансиски приходи за малиот клуб од Валенсија. Барди во овие 3 години, со постигнатите голови, стана најефикасен странски играч на Леванте и негов прв стрелец по рестартот на Ла Лига. Вредноста на Барди се проценува и до 30 милиони евра. Неговиот договор со Леванте истекува во 2022 година, а клаузулата за раскинување на договорот е 50 милиони евра.