СВЕТ

Баросо: ЕУ не е подготвена да прими земја која е во војна

ЕУ не е подготвена да прими во членство земја која се наоѓа во војна, бидејќи тоа и неа би ја внело во воениот конфликт, смета поранешниот претседател на Европската комисија и некогашен португалски премиер Жозе Мануел Дурао Баросо.

– Европската унија не е подготвена да прими земја што е во војна, како Украина, бидејќи тоа би било како да ја пренесе војната во ЕУ, изјави Барозо во обраќање на отворањето на Конференцијата посветена на процесот на зачленување на Украина во ЕУ, насловена „Пристапување на Украина во Европската унија – што ни треба за успешно проширување“.

Барозо смета дека наместо на зачленување на Украина, ЕУ треба да работи на спречување на ширење на конфликтот, бидејќи „порано или подоцна мора да бидеме подготвени за можен договор за разбирање“.

– Постои агресор и нападната земја – тоа е асиметрична ситуација и она што ни треба е мир. Сѐ уште не сме стигнале до таа ситуација, но тоа е многу важно.

Во спротивно, му даваме причини на (рускиот претседател Владимир) Путин да ја продолжи војната со години, додаде Барозо.

Според него, украинскиот конфликт претставува европски проблем, бидејќи ако „Путин победи во војната во Украина, тоа нема да е само пораз за Украинците, туку и на нас Европејците“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button