СПОРТФУДБАЛ

Барса доби понуда од 80 млн евра од Саудиска Арабија за крилниот напаѓач

Барселона доби понуда од 80 милиони евра од Саудиска Арабија за крилниот напаѓач Рафиња, пишува каталонскиот „Спорт“. Засега не е познато кој клуб ја испратил понудата, но се шпекулира дека сите четири големи саудиски клубови Ал-Хилал, Ал-Наср, Ал-Итихад и Ал-Ахли се подготвени да ја платат таа сума.

Advertisements

Рафиња во кариерата настапуваше за Гимараеш, Спортинг, Рен и за Лидс. Барселона го купи во летото 2022 година за 58 милиони евра од Лидс. Неговиот договор е со важност до 2027 година, а неговата вредност е проценета на околу 50 милиони евра. Затоа, доколку Барселона се согласи на оваа понуда од Саудиска Арабија, би можела да заработи на бразилецот.

Веќе подолг период во Барселона не се задоволни од она што го добија од Рафиња откако пристигна во Шпанија. Неговиот придонес е слаб и клубот на лето ќе одлучи што да прави со него бидејќи тој е играч од чија продажба може да се заработат сериозни пари.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button