СПОРТФУДБАЛ

Барса заинтересирана за 25-годишниот напаѓач на АЗ Алкмар

Kаталонскиот гигант Барселона не е финансиски моќен да купува играчи како Килијан Мбапе или Ерлинг Халанд, но секако на „Камп Ноу“ размислуваат за нови имиња.

Advertisements

Во Барселона разбираат дека не можат да ја градат својата иднина околу Роберт Левандовски (35), кој наскоро би можел да замине во Саудиска Арабија, па бараат нови напаѓачки решенија.

Според шпанските медиуми, Барса е заинтересирана за Вангелис Павлидис, 25-годишниот напаѓач на АЗ Алкмар. Тој оваа сезона има 22 гола на 27 натпревари, а трансферот би можел да се реализира по завршувањето на сезоната. За Павлидис заинтересирани се и Челси, Фулам и Милан.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button