СПОРТФУДБАЛ

Барселона без Роберт Левандовски против Гранада

Роберт Левандовски сигурно нема да настапи на претстојниот натпревар на Барселона против Гранада викендов, пренесува каталонскиот „Спорт“. Напаѓачот се здоби со повреда веќе во првото полувреме на натпреварот против Порто во Лигата на шампионите, кој го доби Барселона со 0-1.

Advertisements

Клубот денеска соопшти дека се работи за истегнување на лигаментите на левиот скочен зглоб. Останува да се види дали голгетерот ќе може да настапи за селекцијата на Полска за време на претстојните европски квалификации кои се на 12. и 15. октомври. На крајот на месецот е дербито меѓу Барселона и Реал Мадрид.

Замената на Левандовски, Феран Торес, го постигна победничкиот гол против Порто.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button