РАКОМЕТСПОРТ

Барселона и Алборг, во големото финале во Келн

Барселона и Aлборг, денес ќе се борат за трофејот во Лигата на шампионите. На завршниот турнир во Келн, Алборг го победи актуелниот шампион Магдебург, а Барселона го декласира Кил.

Advertisements

Ракометарите на Алборг го совладаа Магдебург со 28:26 (11:11) и го тргнаа тимот од Германија од европскиот трон. Мадс Хангард со осум, Себастијан Бертолд со шест, Микел Хансен и Томас Арнолдсен со по пет гола блескаа во редовите на данскиот првак. За Магдебург, Омар Инги Магнусон постигна 10, Феликс Клар и Матијас Муске по четири гола.

Во второто полуфинале, каталонците го совладаа германски Кил со резултат 30:18. Пресуди гранитната одбрана на Барса. Во двете полувремиња примија по девет гола, а на другата страна од теренот постигнаа 15 гола.

Кај победниците најефикасен беше французинот Мелвин Ричардсон со пет гола, а четири пати во листата на стрелци се запиша словенецот Блаж Јанц. Кај Кил единствениот расположен беше хрватскиот репрезентативец Дувњак со четири гола. Финалето меѓу Барселона и Алборг е закажано за в недела од 18 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button