СПОРТФУДБАЛ

Барселона има понуда од 70 милиони евра за Ансу Фати

Португалскиот менаџер, Жорге Мендеш веќе ѝ нашол купец на Барселона и тоа од англиската Премиерлига, кој без проблеми ќе плати 70 милиони евра за да го донесе суперталентираниот Ансу Фати.

Advertisements

Каталонците иако со него имаат договор со откуп од една милијарда евра, сепак сега се расположени за продажба и тоа за 70 милиони евра, само со цел да соберат што е можно повеќе пари за да го исполнат финансискиот фер-плеј, а пред сѐ тоа значи враќање на Лионел Меси. Според информациите на каталонски „Спорт“, Фати не сака да си оди од Барселона, но најверојатно ќе биде приморан зашто Барселона во него има еден од неколкуте адути за да собере доволно приходи.

Засега не е познато кој англиски Премиерлигаш е веќе договорен со Мендеш, но Манчестер јунајтед, Челси, Тотенхем и Њукасл се најавуваа дека се заинтересирани за младото офанзивно крило ако Барса се реши да го продаде.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button