СПОРТФУДБАЛ

Барселона сака да ја продолжи соработката со Жоао Феликс

Со оглед на лошата финансиска ситуација во клубот, Барселона мора да бара алтернативни решенија и да позајмува фудбалери. Таква е ситуацијата со Жоао Феликс кој оваа сезона е позајмен од Атлетико Мадрид. Диего Симеоне не смета на него, па португалецот лани играше во Челси, а сега е во каталонскиот гигант.

Менаџментот и стручниот штаб на Барселона се задоволни од неговите изданија и сакаат да го задржат и идната сезона, но финансиските можности не дозволуваат перманентен трансфер.

Атлетико за својот фудбалер бара меѓу 70 и 80 милиони евра што за шпанскиот шампион во моментов е астрономска цифра во моментов. Добро за Барса е тоа што ниеден друг клуб во Европа не е подготвен да плати толку пари и не е исклучено Атлетико да го остави уште една година на позајмица.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button