СПОРТФУДБАЛ

Барселона се вклучува во трката за Трент Александер-Арнолд

Барселона се вклучува во трката по Трент Александер-Арнолд кој се чинеше дека ќе биде сигурно засилување за Реал Мадрид. Договорот на Александер-Арнолд со Ливерпул истекува по крајот на оваа сезона и гласините се дека тој најверојатно ќе се пресели во Реал Мадрид, тој е главната цел на кралскиот клуб за следното лето.

Advertisements

Но, „Ел Национал“ пишува дека и Барселона се вклучила во трката, Деко веќе ја почнал мисијата да го донесе бекот на Камп Ноу. Барселона е во финансиски тешка ситуација, но Александер-Арнолд ќе биде слободен играч, па Каталонците нема да треба да платат обесштетување.

Последниот збор ќе го има фудбалерот кој самиот ќе одлучи каде ќе биде неговата иднина.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button