СПОРТ
Бастианини, триумфираше на спринтерската трка во Тајланд

Возачот на Дукати, Енеа Бастианини, триумфираше на спринтерската трка што се возеше како дел од Големата награда на Тајланд, 18. трка од овогодинешниот шампионат во Мото ГП.
Во Бурирам, италијанецот ја постигна втората спринтерска победа сезонава, но и во кариерата, со нешто повеќе од секунда и половина предност пред Хорхе Мартин од Прамак Дукати. Шпанецот некако контроверзно стигна до второто место, откако по предупредувањето излезе надвор од патеката, но не беше казнет поради тоа.
На третото скалило на победничкиот подиум се најде бранителот на титулата Франческо Бањаја, кој заостануваше една секунда зад својот ривал во борбата за титулата. Ваквиот исход значи дека Мартин ја зголеми предноста во однос на Бањаја на 22 поени.