ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Беа потребни само три дена за ДУИ да се дистанцира од нивниот „фронтмен“

Артан Груби мора да се врати во Македонија и да се соочи со правдата. Ова е ставот на партијата ДУИ во која Груби ја градеше политичката кариера. Организацискиот секретар на оваа партија, Блерим Беџети, за Алсат рече дека секој функционер кој направил грешка, одговорноста треба да биде индивидуална.

Advertisements

„Кога станува збор за Артан Груби, вашиот интерес и другите медиуми за нашиот став како ДУИ е тој да биде достапен и да соработува со правосудните органи. Во тие тела, битката се одвива без оглед на тоа каков е, бидејќи секој избран функционер кој вршел каква било јавна функција, освен партиските програмски ориентации, има индивидуална одговорност“, рече Беџети.

Но, зошто ДУИ молчеше сите овие денови и не излезе со официјален став во однос на обвинувањата против Груби и неговото заминување од земјата, иако до пред неколку дена се сметаше за најмоќен човек во ДУИ?

Додека Беџети тврди дека Груби не е дел од ДУИ, тој всушност управуваше со сите политики на ДУИ во последниот период, дури и функционираше како сенка на Али Ахмети. Тоа го потврди и самиот тој во телевизиско интервју, каде рече дека го прави она што му го кажува Али Ахмети. Беџети ни кажа дека не знае каде е Груби и не го ни контактирал. На прашањето дали Ахмети се сретнал со Груби за време на неговата посета на Приштина, Беџети рече дека Ахмети се сретнал со лидерите на опозициските партии во Косово и со градоначалникот на Приштина.

Од друга страна, вицепремиерот Изет Меџити вели дека посетата на Ахмети на Приштина е направена од две причини: да го убеди Груби да се врати или да избега на побезбедно место.

„ДУИ се соочува со ситуација во која луѓето на црните листи бегаат, а фарса е тоа дека тие кои одат по почесни титули или по градски клучеви, тоа едноставно е камуфлажа, сигурно е координација со оние кои заминале, конкретно Ахмети кај Артан да го убеди да се врати или за некоја друга стратегија да избега на побезбедно место“, рече Меџити.

Во моментов нема јасни информации за локацијата на Артан Груби. Само се знае дека пред неколку дена ја преминал границата. Откако беше соопштено дека избегал, Груби напиша на Фејсбук дека отпатувал во приватна посета и ќе се врати веднаш штом ќе ги заврши обврските.

Зекирија Хаџиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button