Беадини ги отфрла обвинувањата за плагијат

Поранешниот ректор на УТ, Неџбедин Беадини, во „Емисија 200“ на Алсат рече, дека прашањето за плагијаторство е прашање поврзано со авторските права и дека се решава со парница, што според него ќе се случи. Сепак, наведе дека никој нема право да го потценува Универзитетот во Тетово и дека тој бил апострофиран во случаите за плагијаторство од страна на списание кое нема ниту адреса ниту име. Но, на прашањето од новинарот Назим Рашиди дали ги прифаќа обвиненијата против него, тој одговори:
“Апсолутно не. Ако навлеземе во оваа работа, ќе се зафатиме воопшто за да видиме што е вистината. Но, немаме право толку многу да го потценуваме Универзитетот во Тетово. Како и да е, јас сум апострофиран, што не значи дека ова е вистина, затоа што ме апострофирало списание кое нема адреса и име, уште еднаш реков дека веројатно има добра намера, но дека вистината е ова: Има надлежни тела, тоа е наставно-научен совет на факултетот, тоа е докторско раководство на студии од трет циклус, тоа е Ректорат на Универзитетот во Тетово, тоа е Сенат. Ова се надлежните тела што ќе ја оценуваат нашата академска работа, а тоа е министерството за образование, но не со надлежност на плагијат и кражба, затоа што ова е заштитено со авторско право. Авторските права поминуваат низ судски спор и вака ќе се случи. Во секој случај, инспекторатот нека ја каже својата работа, ние ќе ја кажеме нашата и ќе видиме каде сме“, изјави Беадини.