БЕГ има гас само уште за денеска

Вчера попладне компанијата за производство на топлина „Балкан Енерџи“, која снабдува голем дел од домаќинствата во Скопје, соопшти дека има средства за набавка на гас само до крајот на денешниот ден и побара од Владата времено да го преземе управувањето со компанијата се до завршување на кризната состојба во оваа грејна сезона.
– Ликвидноста на ПТБЕ брзо се истоштува и има средства за набавка на гас до крајот на утрешниот ден. Како општествено одговорна компанија информираме дека немаме повеќе ресурси да обезбедиме финансирање на грејната сезона без државна помош за компензирање на тарифита за производство на топлинска енергија со што не ќе можеме да продолжиме со производство на топплина. За да се обезбеди непрекинато производство на топлинска енергија во ПТБЕ, предложивме Владата да ја превземе во времено управување компанијата почнувајќи од 14.01.2022 се до завршување на кризната состојба во оваа грејна сезона, наведе БЕГ во вчерашното соопштение.
Оттаму информираа дека во четвртиот квартал од 2021 година успеале да ги амортизираат пазарните ризици и да обезбедат растот на цената на гасот да не се одрази врз цената на топлинската енергија која се испорачува до корисниците, но дека енергетската криза која продолжува и во новата 2022 година со висока цена на гасот на берзите директно се одразува врз трошоците на работењето на компанијата.