
Претседателот на Албанија Бајрам Бегај ќе престојува денеска во Косово, на покана на неговата косовска колешка, Вјоса Османи, што ќе биде негова прва официјална посета на една држава по преземањето на функцијата на чело на Албанија на 24 јули годинава. Како што соопшти кабинетот на Османи, таа го поканила Бегај да го посети Косово, по повод почетокот на неговиот мандат како претседател на Албанија. Според агендата, Бегај во 10 часот ќе биде пречекан од Османи со високи државни почести на плоштадот, по што двајцата претседатели ќе имаат билатерална средба, а потоа ќе дадат изјави за медиумите. Најавено е дека за време на престојот во Приштина Бегај ќе се сретне и со претседателот на Собранието на Косово, Глаук Коњуфца и со премиерот Албин Курти.