ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бегалецот Исмет Гури сам се предаде во ПС „Пролет“ – спроведен е во Шутка

Поранешниот заменик-директор на Управата за јавни приходи (УЈП), Исмет Гури (60), по кого се трагаше со меѓународна потерница, денеска попладне сам се предал во полициската станица во Скопје, потврдија од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Advertisements

Како што информираат од Министерството, Гури се пријавил во полициската станица „Пролет“, по што бил уапсен и спроведен во затвор.

„Денеска (29.08.2024 г.) во 13.40 часот во Скопје самиот се пријави Исмет Гури (60), кој беше баран со меѓународна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје. Потоа Гури е лишен од слобода во ПСОН Кисела Вода и спроведен во Затвор „Скопје“, велат од Министерството за внатрешни работи.

Поранешниот заменик-директор на УЈП беше вмешан во случај со даночни измами во кој беа осомничени вкупно 15 лица, меѓу кои бизнисмени и инспектори од Управата, а кои се товарат за повеќе кривични дела како злосторничко здружување, даночна измама и перење пари.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button