ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Бехтел-Енка“, албанската опозиција ги спореди осудениот Пал Лекај и Артан Груби

„Бехтел-Енка“, албанската опозиција ги спореди осудениот Пал Лекај и Артан Груби

Европскиот сојуз за промени прашува дали има сличности меѓу случајот Артан Груби и косовскиот министер за инфраструктура Пал Лекај, кој пред неколку дена беше осуден на затвор. Беше прогласен за виновен поради незакнска исплата на 53 милиони евра што Владата на Косово му ги дала на конзорциумот „Бехтел-Енка“ за продолжување на рокот за завршување на автопатот „Арбен Џафери“. Албанската опозиција бара договорот на Владата во Скопје со оваа фирма веднаш да биде јавно објавен.

Advertisements

„Може ли да има сличности случајот на Пал Лекај и Артан Груби? За жал, сомнежите во јавното мислење се големи. Самиот факт што договорот за изградба на коридорите 8 и 10Д, кој чини над 1,3 милијарди евра, беше најавен како таен договор меѓу нашата влада и компанијата „Бехтел-Енка“, покрена многу сомнежи во јавноста за можна злоупотреба. Помина речиси една година од потпишувањето на договорот со „Бехтел-Енка“ и досега не е изграден ниту еден метар автопат, а од април минатата година до сега Владата на „Бехтел-Енка“ ѝ платила 235 милиони евра за нула метри автопат. Сега Владата треба да покаже за што се исплатени тие 235 милиони евра на „Бехтел-Енка“, колку скриени договори потпишал Груби и каде завршуваат овие пари бидејќи сè уште ништо не е изградено. Можеби се богатат Соравија, Евровија и Лотарија“, рече Даут Мемиши, Европски сојуз за промени.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button