ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бехтел и Енка во Србија се со дупло поевтини суми, Јаревски, му возврати на Груби

Реагирајќи на синоќешната фејсбук објава на вицепремиерот Артан Груби посветена на отворањето на делница на автопат во Србија која ја гради компанијата Бехтел, пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ Тони Јаревски смета дека „освен фабрика за пари, Груби станува и фабрика за лажни вести“.

„Ќе напише дека со истиот закон Бехтел и Енка гради автопат во Србија. Но еве што Груби не кажува. Бехтел и Енка во Србија се одбрани со тендер, кај нас директно, без тендер со договор напишан во 4 очи. Автопатот со приближно иста должина во Србија вреди 750 милиони евра, во Македонија почетната вредност со истата Бехтел и Енка вреди 1.350 милијарди евра. Километар автопат во Србија од Бехтел и Енка вреди 7 милиони евра, во Македонија 20 милиони евра. Надзор во Србија е професионална фирма, надзор во Македонија е фирма за долна облека со 4 вработени“, вели пратеникот Јаревски.

Сепак, тој посочува дека ВМРО-ДПМНЕ не е против градба на автопат и дека тој е дел од Коридорот 8 кој го има и во нивната партиска програма, но дека се тие против „пљачката на векот каква сега имаме пред очи“.

„И кога Груби ќе збори за анти албанство (омилената теза на ДУИ секогаш кога се фатени апла во криминал) има ли поголемо анти албанство и анти државен елемент од тоа да се богати кастата на власт, на грбот на напатениот народ. Друг пат Груби кога ќе произведува лажни вести, нека има на ум дека се што лета не се јаде“, е пораката на Јаревски до Груби.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button