СПОРТФУДБАЛ

Беќири: Eлиминацијата во првото коло е разочарувачка за Шкендија

Јетон Беќири, тренерот на Шкендија, очекувано не беше задоволен од исходот од двомечот со Ноах и елиминацијата на македонскиот тим уште во првото коло од квалификациите за Конференциската лига.

Advertisements

Тетовчани го загубија и вториот натпревар од ерменскиот тим, откако реваншот во Скопје заврши со гостинска победа од 1-2.

„Мислам дека не бевме на нивото на кое требаше да бидеме. Во одредени моменти, дури и кога имавме можност да постигнеме гол и да се надеваме на повеќе, пропуштивме неколку чисти шанси. На ваквите натпревари неискористените шанси се казнуваат. Секоја грешка се казнува на најлош можен начин. Ќе разговараме со фудбалерите, ќе анализираме и важно е да учиме од грешките. Нема сомнение дека елиминацијата во првото коло е разочарувачка за Шкендија, бидејќи очекувањата се поголеми“, рече тренерот на нашиот вицешампион.

Покрај Шкендија елиминација уште во првото коло забележа и Тиквеш, откако на гости во Исланд забележа несреќен пораз од Брајдаблик.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button