МАКЕДОНИЈА
Бектеши: Ако има неправилности при увозот на сомнителниот мазут документите ќе му ги предадеме на Јавното обвинителство

Во моментов ги собираме сите информации за увозот и дистрибуцијата на сомнителниот мазут и кога ќе ги имаме сите податоци ќе ја информираме јавноста. Ако не се реализирани сите процедури согласно правилникот за квалитет на течни горива и процедурите за увоз на нафтени деривати документите ќе му ги предадеме на Јавното обвинителство, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
-Сите институции, почнувајќи од Царинската управа и Државниот пазарен инспекторат, Министерството за економија, Инспекторатот за животна средина имаат обврска во роковите предвидени согласно заклучоците да ги достават сите информации, додаде тој.