ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Бектеши и Хан најавуваат реализација на заеднички проекти

Министерот за економија и технолошки развој на Словенија, Матјаж Хан, за време на престојот во Скопје, ги истакна добрите билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Република Словенија, истакнувајќи го уште поголемото продлабочување на оваа соработка и реализацијата на многу заеднички проекти од стопанската област, со посебен акцент на енергетиката.

Advertisements

„Можам да констатирам дека имавме многу плодна и конкретна дискусија и верувам дека дополнително ќе ја продлабочиме соработката со Република Словенија. Во иднина ќе реализираме многу заеднички проекти“, изјави Крешник Бектеши, министер за економија.

„Сакам да истакнам дека билатералните односи со Република Македонија и со Република Словенија се многу добри, традиционално биле добри и во минатото. Словенија е пријателска земја со РМВ, така што ќе остане и во иднина, ќе ве поддржиме на вашиот пат кон ЕУ“, изјави Матјеж Хан, министер за економија и технолошки развој на Словенија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button