ЕКОНОМИЈА

Бектеши кажа дали има услови за замрзнување на цените на храната

Министерот за економија Крешник Бектеши засега не гледа сериозно на зголемување на цените на храната, па затоа вели дека нема услови за замрзнување на цените. Признава дека дел од производите во маркетите се поскапени, но ценовен шок нема и нема да се случи поради растот на просечната плата во земјава. Во ресорното министерство вели дека будно ја следеле состојбата и прават анализи на цените, и доколку се забележи потреба од нови мерки тие ќе бидат во согласност со Законот за трговија. Инаку, за една година потрошувачката кошничка е поскапена за илјада денари.

Advertisements

„Во делот на зголемување на потрошувачката кошничка, треба да го имаме во предвид и зголемувањето на платите и да се направи споредба колкаво било влијанието. Дали домашното производство може да ги покрива потребите на нашите граѓани за одредени производи? Ако тоа не може да се исполни, тогаш секако дека ќе интервенираме во делот на замерзнување на цените при производи кои се увезуваат во нашата држава“, рече Бектеши.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button