ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бектеши: Ќе предложиме укинување на мерките за помош на фирмите

Министерството за економија до Владата ќе предложи укинување на мерките за помош на фирмите и нивно пренасочување за помош на загрозените категории граѓани, рече во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, министерот за економија, Крешник Бектеши. Сепак, како што рече тој, дел од мерките остануваат за одредени институции.

Advertisements

„Мерката за основните и средните училишта ќе остане, тоа сме го ветиле. За јавните комунални претпријатија ќе остане, до крајот на завршување на кризната состојба. За фирмите, предлогот на Министерството за економија до Владата, ќе биде да се укине и тие средства да се користат за мерки за поддршка кон граѓаните, посебно за тие коишто немаат големи приходи“, рече Бектеши.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button