МАКЕДОНИЈА

Бектеши: Ќе се прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор

Министерот за економија Крешник Бектеши во „Економски магазин“ на Алсат изјави дека ќе се прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор. Тој рече дека ова ќе го предложи на седница на Владата во вторник.

Advertisements

„Во енергетскиот сектор ќе се прогласи кризна состојба, со единствена цел да се инјектираат буџетски  средства директно во енергетските компании во земјава, вклучително и македонските електрани и МЕПСО за да се зголеми нивната ликвидност“, рече Бектеши.

„Уредбата е веќе објавена, во текот на наредниот ден и во петок ќе имаме средби со членовите на   комисијата кои се предвидени во рамки на уредбата за прогласување кризна состојба, а јас како министер за економија на првата седница на Владата, која се очекува да биде во вторник, ќе и предложам на Владата да ја прогласи оваа кризна состојба“, нагласи министерот Бектеши.

„Што се однесува до мерките, во моментов не се предвидени рестриктивни мерки“, рече Бектеши.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button