ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Бектеши најави продолжување на мерката „гарантирана цена“ до крајот на јануари

Мерката „гарантирана цена“ која важи за дел од прехранбените производи и безалкохолните пијалаци, наместо до крајот на годината, најверојатно ќе биде продолжена до крајот на јануари 2024 година, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши во гостувањето во емисијата „Студио 10“ на Телевизија 24.

Advertisements

„Ќе продолжи мерката најмалку за еден месец бидејќи нема да може Законот за нефер трговски практики да започне да се применува на почетокот на следната година. Тоа значи дека во јануари ќе важат мерките за ‘гарантирана цена’ и да се надеваме дека Собранието ќе го усвои Законот за тој да почне да се применува од почетокот на 1 февруари“, вели министерот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button